Убиена женката пума која најверојатно го нападна момчето во Сан Диего

Службениците на националниот парк во Сан Диего во вторникот објавија дека убиле една женка пума и ќе се обидат да утврдат дали станува збор за животно што повредило четиригодишно момче за време на групна прошетка неколку часа порано.

Момчето беше хоспитализирано по нападот во понеделникот и беше лекувано поради повреди на главата кои не беа опасни по живот, рече Скот Брингман од Министерството за животна средина на прес-конференцијата.

Момчето беше дел од група од шест возрасни и пет деца во кањонот Лос Пенаскуитос, околу 30 километри северно од центарот на Сан Диего.

„Момчето беше во средината на групата која се разијде за време на нападот“, изјави Брингман.

„Таткото, кој треба да се пофали, фрлал камења врз пумпата и животното избегало”, додаде Брингман.

Нападот им беше пријавен на службениците на резерватот кои ги најдоа трагите на пумата, а потоа и животното и го застрелаа.

Нејзината ДНК ќе се спореди со примерокот земен од момчето, а Брингман изрази надеж дека ќе се потврди дека тоа е во животно што го нападнало детето.

Треба да знаете
Последни објави