Акција за чистење во Општина Бутел

Екипите на ЈП „Комунална хигиена”-Скопје, во текот на денешниот ден спроведоа акција за генерално чистење на скопската општина Бутел, каде што беше извршено рачно и машинско метење и миењекако на главните така и на општинските улици.

Во рамките на акцијата беа подигнати и транспортираниприближно 80 кубни метри отпад од две диви депонии лоцирани вооваа скопска општина. Едната депонија се наоѓаше во објектот на поранешната градинка на улицата Натанаил Кучевишки, од каде што беа отстранети околу 60 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад. Во текот на денот беше расчистена уште една дива депонија лоцирана на улицата Бетовенова, каде што беа подигнати приближно 20 кубни метри кабаст и градежен отпад.

Во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, ЈП „Комунална хигиена”-Скопје спроведе и рачно миење на поголемите исламски верски објекти во оваа скопска општина, како што се џамиите Ебу Бекр Ес Сидик, Бедр, Фета Ефенди и др.

Треба да знаете
Последни објави