Најмалку 23 лица загинаа, а 30 беа повредени во судир меѓу еден туристички автобус и камион што се случи во мексиканската држава Веракруз, објавија денеска официјални лица.
Според извештаите, при судирот автобусот се превртел на една страна и ја блокирал излезната врата, објави „Си-ен-ен“.
Во автобусот имаше католички верници кои одеа на аџилак во мексиканската базилика Пресвета Богородица од Гвадалупе во Мексико Сити.
Повредените лица биле префрлени во локална болница.
Истрагата за инцидентот е во тек.