Заев: Сето слободно време го користам за разговори со новите министри и директори

Премиерот Зоран Заев најави реконструкција во Владата кон средината на јуни.

Тој истакна дека веќе разговара за поединци кои ќе бидат поставени на испразнетите места по најавените промени во Владата и други државни институции.

„Сето слободно време го користам за да разговарам со новите луѓе за да можам да потврдам дека се нафаќаат на таа работа и ќе работат, се надевам ќе стигнеме најдоцна до крајот на првата половина на јуни“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на извештајот од Европската комисија (ЕК),  Заев истакна дека летово очекува да добиеме датум за почеток на преговорите со Унијата.

Треба да знаете
Последни објави