Несреќа во Будимпешта: Најмалку тројца загинати во превртен туристички брод во Дунав

Три лица загинаа, а шеснаесетина лица се водат за исчезнати кога се превртело туристичко бротче, вечерва во реката Дунав во  Будимпешта, објави унгарската државна телевизија М1.

Националната новинска агенција МТИ објави дека бродот превезувал 34 лица, меѓу кои и членови на екипажот, главно туристи од Азија.

Бродот „Сирена“ бил врзан во близина на зградата на унгарскиот парламент кога, наводно, во него удрил друг туристички брод по што се превртил во реката, која е преплавена од силни струи по силното невреме  во Будимпешта.
Во тек е спасувачка операција во која се вклучени десетици бродови.

Според податоците на унгарскиот портал Index.hu, едно лице е пронајдено повеќе од три километри од местото на несреќата. Тој бил во лоша состојба, но спасувачите применија постапката за оживување на давеник и го спасиле.

Треба да знаете
Последни објави