Седумдесет отсто од Германците сметаат дека наследничката на Ангела Меркел не е способна за канцеларка

Германската канцеларка Ангела Меркел застана во заштита на нејзината наследничка на местото на претседател на Демохристијанската унија (ЦДУ) и можен наследник на должноста канцелар, Анегрет Крамп-Каренбауер, која во последните неколку дена предизвика негативни реакции од јавноста коментирајќи ги интернетските активисти, додека германските граѓани изразија сериозен сомнеж во нејзината способност да ја наследи канцеларката на заминување.

Така, истражувањето на јавното мислење, објавено во средата ноќта, покажа дека 70 отсто од граѓаните на Германија сметаат дека Крамп-Каренбауер е непогодна за функцијата канцелар.

„Во сите мои години на политичката сцена многупати се среќавав со глупости. Никогаш не сум коментирала глупости“, изјави Ангела Меркел одговарајќи на прашањето дали има вистина во пишувањата на некои медиуми дека се сомнева во способноста на нејзината штитеничка Анегрет Крамп-Каренбауер да ја извршува функцијата канцелар.

Треба да знаете
Последни објави