Уапсен татко во Јапонија, трите деца ги дисциплинирал со електрошок-пиштол

Уапсен е татко во Јапонија, бидејќи трите деца ги дисциплинирал со електрошок-пиштол, соопшти јапонската полиција.

45-годишниот маж во јужниот град Китакојушу изјави за полицијата дека користел пиштол за зашеметување на неговите две ќерки на возраст од 17 и 13 години, како и за 11-годишниот син „кога не биле послушни”, изјави официјален претставник на полицијата за „Ројтерс“.

Момчето претрпело мала изгореница на раката и немало видливи повреди на девојките, додава тој.

Серија случаи на злоупотреба на деца последниве години ја потресуваат Јапонија, вклучувајќи ја и смртта минатата година на 5-годишно девојче, Јуа Фуато, чиј татко ја тепал и ја изгладнувал за да ја дисциплинира.

Треба да знаете
Последни објави