Делегацијата на набљудувачката мисија на ПС на Советот на Европа на средба во МНР

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски денеска оствари средба со известителите на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Лиза Кристоферсон и Валериу Гилечи, кои престојуваат во дводневна работна посета на Република Северна Македонија.

На средбата, како што информираат од МНР, Димовски ги запознал соговорниците со реформските постигнувања на земјата кои и овозможија на Европската Комисија да даде највисоки оценки за подготвеноста на нашата земја за отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ. Притоа, било изразено уверување дека земјите-членки на ЕУ ќе ја прифатат препораката и ќе донесат одлука за отпочнување на преговорите, не само како признание за севкупните реформи и за развојот на добрососедските односи, туку и како влог за понатамошниот демократски развој на земјата и стабилноста на регионот.

Известителите Кристоферсон и Гилечи, се вели во соопштението, дале високи оценки за реформите спроведени по нивната последна посета минатата година и го поздравиле развојот на добрососедските односи и определбата за нивно понатамошно унапредување.

Треба да знаете
Последни објави