Ел Салвадор го погоди силен земјотрес

Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Ел Салвадор во раните утрински часови.

Американскиот геолошки и топографски институт објави дека епицентарот на земјотресот е 28 километри од Ла Либертад, предградие на регионалната престолнина Санта Текла, 65 километри под површината на земјата, објави АП.

Силниот земјотрес се почувствува и во главниот град Сан Салвадор.

Граѓаните ги напуштија становите со батериски ламби во раце, бидејќи во неколку области снема електрична енергија.

Треба да знаете
Последни објави