Москва: Тврдењата на САД за нуклеарни проби се груба провокација

Руското Министерство за надворешни работи ги отфрли како апсолутно неосновани тврдењата на Вашингтон дека Русија може да врши нуклеарни проби, оценувајќи дека станува збор за груба провокација.

Генерал полковник Роберт П.Ешли од американската воена разузнавачка служба вчера изјави дека САД сметаат дека е можно Русија да спроведе нуклеарни проби со низок интензитет и да го наруши мораториумот за таквите тестови

– САД веруваат дека Русија најверојатно нема да се придржува до мораториумот за нуклеарни проби, рече полковникот Ешли на форумот за контрола на оружје на институтот „Хадсон”.

„Американската изјава дека Русија веројатно извела нуклеарни проби со мала експлозивна сила ја сметаме за груба провокација. Таквите тврдења се апсолутно неосновани и имаат за цел повторен обид за демониација на нашата земја”, се наведува во реакцијата на руското МНР:

Договорен во 1990-тите, Сеопфатен договор за забрана на нуклеарните проби (ЦTБT) ужива широка глобална поддршка, но мора да биде ратификуван од осум други земји со нуклеарна технологија, вклучувајќи ги и Израел, Иран, Египет и САД, за да може да стапи во сила.

Русија го ратификуваше договорот во 2000 година.

Треба да знаете
Последни објави