На Урал пронајден смарагд од 1,6 килограми

а територијата на локалитетот Марински пронајден е редок скапоцен камен тежок 1,6 килограми, објавија властите на регионот Свердловск во Русија.

Ова е најголемиот смарагд пронајден во земјата во последните 30 години – еден чија тежина надминуваше два килограми беше ископан во 1990 година. После тоа, најголем беше каменот од 1,54 килограми пронајден во 2018 година”, се вели во изјавата на локалната власт.

Смарагдите се првокласни скапоцени камења кои се во иста група со дијамантите, сафирите и рубините. Во Русија, тие се сметаат за вид валута, без разлика дали се обработени или не.

Треба да знаете
Последни објави