Објавено ново видеo од несреќатa во Будимпешта, бродот потонал за 7 секунди

Унгарската полиција објави ново видео кое покажува дека туристичкиот брод што синоќа се преврти во Дунав, а кој превезувал 30-ина туристи од Јужна Кореја, се движел во ист правец со поголемиот брод со кој е судри.

Полицијата соопшти дека малиот брод „Хаблеани“ се судрил со поголем брод „Викинг“ синоќа оклу 21.05 часот под мостот „Маргарита“.

„Двата брода тргнале кон север кога се нашле меѓу два столба на мостот ‘Маргарита’. Од непозната причина ‘Хаблеани’ го сменил правецот и се нашол пред бродот ‘Викинг’. Кога ‘Викинг’ дошол во контакт со него, малиот брод се превртел и потонал за седум секунди“, рекол шефот на канцеларијата за управување со катастрофи во Будимпеша, Габор Палотаи.

Досега е потврдено дека во несреќата загинале седум патници, седум се спасени, а по 19 се трага.

Полицијата соопшти дека ниту една од жртвите не носела елек за спасување.

Треба да знаете
Последни објави