Пахор: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е геополитичко прашање

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан е геополитичко, а не техничко прашање, изјави денеска во Подгорица словенечкиот претседател Борут Пахор.

– Политичката волја за проширување веројатно во иднина ќе биде помала, па затоа наша должност е да имаме визионерски пристап со цел Европа да го види Западниот Балкан како можност, изјави Пахор на заедничката прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, одржана по нивната средба.

Двајцата претседатели посочија дека разговарале за состојбата на Западен Балкан и за напредокот на Црна Гора во процесот на зачленување во ЕУ.

Пахор, при тоа, потврди дека Словенија ја поддржува Црна Гора на патот кон ЕУ, вклучително и со давање стручна помош во преговорите за членство.

Треба да знаете
Последни објави