Почина детето кое доби изгореници од струен удар

Детето кое доби изгореници од струен удар, за жал, почина, дознава КУРИР.

Несреќата се случи на 24-ти овој месец, на железничката станица во Трубарево при обид за кражба.

Момчето беше сместено во болницата Пирогов, во Софија. Беше под контрола на  специјалист за детски изгореници, но за жал не успеаја да му го спасат животот.

„Момчето кое пред неколку денови настрада од струен удар и се здоби со изгореници им подлегна на повредите. Направивме сѐ за да му помогнеме и да го спасиме неговиот живот. Родителите на момчето не сакаат да се користи овој случај во јавност и ја почитуваме нивната одлука“, изјавија од Министерството за здравство за Курир.

Треба да знаете
Последни објави