Добитник на Пулицеровата награда не доби американска виза

Асошиетед прес денеска изрази разочарување бидејќи неговиот новинар од Јемен Маад ал-Зикри не можеше да присуствува на церемонијата на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што требаше да му биде врачена Пулицеровата награда, бидејќи не доби американска виза.

Ал Зикри, Меги Мајкл и Нариман ел Мофти ја добија Пулицеровата награда за известување од Јемен. Египетските државјани, Мајкл и Ел Мофти присуствуваа на церемонијата затоа што имаа виза.

Треба да знаете
Последни објави