Заев: 70 милиони евра годишно се враќаат во касата на граѓаните

Премиерот Зоран Заев денеска објави на неговиот фејсбук профил дека просечно 70 милиони евра на годишно ниво се враќаат во касата на граѓаните.

Просечно враќаме над 70 милиони евра годишно назад кон граѓаните преку реформите кои ги усвоивме, како: укинувањето на радио-дифузната такса, намалување или укинување на услугите во Катастар, воведување на евтина тарифа на струјата.

Сега имаме нови 35 милиони евра за социјална заштита за сите граѓани. Убеден сум дека ќе бидеме уште поспособни да ги насочиме парите кон посиромашните и поранливите категории на граѓани.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/542690546260183/?t=0

Треба да знаете
Последни објави