Моди положи заклетва за втор мандат како премиер на Индија

Нарендра Моди денеска положи заклетва, со што го почна вториот мандат како премиер на Индија.

Претседателот на Индија Рам Нат Ковинд ја водеше церемонијата на давање свечена заклетва на Моди и членовите на неговиот кабинет. Во новата Влада нема да биде министерката за надворешни работи Сушма Свараџ и министерот за финансии Арун Џајтли, кој поднесе оставка од здравствени причини.

Партијата на Моди БЈП освои 303 места во Парламентот кој има 542 пратеници. Опозициската Конгресна партија, која доминираше на индиската политичка сцена од стекнувањето независност од Британија во 1947 година, освои само 52 места. Нејзините лидер Соња Ганди и Раул Ганди присуствуваа на денешната церемонија, на која имаше и делегации од јужна и југоисточна Азија.

Треба да знаете
Последни објави