Пет работи што не треба да ги правите во хотелска соба

Конечно стигнавте во хотелот, одморот може да почне. Но, за да имате убав одмор што ќе тече глатко и без негативни последици, бидете подготвени и за неудобностите на хотелскиот престој.

Немојте да спиете на каучите и помошните кревети без постелнина. Овие површини поретко се чистат и не знаете кој престојувал тука пред вас.

Не заборавајте да ја заклучите хотелската соба пред да си легнете да спиете. Иако во многу хотели сега вратите автоматски се заклучуваат кога ќе ги затворите, за секој случај заклучете и од внатре.

Она што е многу важно е да не седите по долна облека директно на хотелските кревети. Ставете чист пешкир за да не „закачите“ некоја бактериска инфекција.

Од истите причини немојте да шетате боси низ хотелската соба.

Немојте да го оставате куферот до креветот или фрижидерот во хотелската соба. Тоа се места каде најчесто има бубачки што може да влезат во куферот.

Треба да знаете
Последни објави