Прв Саем на креативци во Скопје

Амбасадата на САД во Скопје и Aмериканските катчиња во Северна Македонија, во соработка со Општина Карпош, го организира првиот Мини саем на креативци во Скопје. Настанот ќе се одржи утре, петок, од 10 до 19 часот, на паркингот на Вип Арената Борис Трајковски.

„Овој мини саем во Скопје, што ќе биде забавен да го посетат цели семејства, претставува фестивал на иновативност, креативност и талент, на кој ќе учествуваат ентузијасти, занаетчии, едукатори, инженери, научни клубови, автори, уметници, студенти, и луѓе од бизнисот од цела Северна Македонија“, велат од американската амбасада.

На настанот ќе има практични демонстрации и работилници, вклучувајќи 3D принтери, роботика, компјутерско програмирање и занаетчиска работа.

Првиот Саем на креативци се одржа во Калифорнија во 2006. Оттогаш се проширил низ целиот свет, и денес се организираат повеќе од 200 вакви настани годишно. Првиот Саем на креативци во Северна Македонија се одржа минатата година во Битола.

На настанот ќе присуствува вршителот на должност заменик амбасадор на САД, Лора Браун.

Треба да знаете
Последни објави