Претседателот Пендаровски ја прими директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер-Дамјановска

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска.

Габер-Дамјановска го запозна претседателот Пендаровски со тековната работа на Академијата, како и со развојните проекти во насока на поддршка на реформите во сферата на владеење на правото и правосудството.

На средбата беше истакнато значењето на Академијата во образувањето на новите судии и јавни обвинители, но и во континуирано образование и тренинг на постојните судии и јавни обвинители.

Треба да знаете
Последни објави