Принцот Хари (34) и Меган Маркл (37) минуваат бесони ноќи бидејќи малиот Арчи, кој е стар само неколку недели, не сака многу да спие.
Иако неодамна кралското семејство откри дека Арчи е бебе какво што може да се посака, хроничната ненаспаност влијае на сите, па Хари замина во Рим, што е негово прво патување откако стана татко.
Мајкл Караца, близок пријател на Хари со кој игра поло, изјави дека војводата од Сасекс му се пожалил дека спие малку и нередовно и дека патот во Рим добро ќе му дојде за да се наспие.