Русија го сопре увозот на месо од четири компании од Србија

Руските власти одлучија привремено да го сопрат увозот на месо и месни производи од компаниите Матијевиќ, Биг бул фудс, Златиборац и Карнекс поради ,,сериозни неправилности” забележани во текот на инспекцискиот надзор.

Во одлуките на руската инспекција објавени на веб-страницата на институцијата, се наведува дека привременото ограничување на испораката на производи на четвори српски компании се воведува врз основа на инспекцискиот надзор спроведен од 15 до 19 април. Привремената забрана ќе стапи на сила на 4 јуни.

Треба да знаете
Последни објави