Цената на тутунот го одредува процентот на пушачи, покажува нова студија

Најновите податоци на Еуростат покажуваат дека колку е пониска цена на тутунот, толку е поголем процентот на луѓе што пушат.

Во извештајот се разгледуваше цената на 20 пакувања на цигари од марката Малборо во секоја европска земја, по што податоците беа споредени со процентот на луѓе кои пушат во таа земја.

Турција и Бугарија, каде што тутунот е најевтин (под 3 евра од кутија), имаат најголем дел од пушачите во Европа, при што речиси 28% од населението пуши секојдневно.

Сепак, корелацијата меѓу смртните случаи како резултат на белодробни болести и цената на цигарите се покажа како потешка за утврдување.

Во Латвија, каде што една кутија цигари Малборо чини само 3,77 евра, речиси една четвртина од населението пуши редовно. Изненадувачки, само 2% од смртните случаи во земјата се припишуваат на белодробни болести.

Во Британија, пак, каде што една кутија од исти цигари чини 11,34 евра и релативно мал процент (13,7%) од луѓето пушат, респираторните заболувања се причина за над 14% од сите смртни случаи.

Сепак, ова може да се објасни со влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето. Земји како Британија, Данска, Холандија, Белгија и Луксембург имаат релативно мал број пушачи, но сепак високи стапки на респираторни смртни случаи. Меѓутоа, секоја од овие земји има повисоки концентрации на сулфур диоксид и други загадувачи во споредба со земјите со повисоки проценти на пушење, но помалку респираторни смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави