Двајца малолетни моторциклисти тешко повредени во сообраќајка

На 31.05.2019 околу 00,30 часот на крстосницата од ул.„8-ми Септември“ и ул.„Гоце Делчев“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Н.А.(36) од Кавадарци, и мопед „Априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од петнаесетгодишно лице и сопатник на мопедот исто така, петнаесетгодишно лице. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле малолетниците и се пренесени во комплексот клиники  „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави