Кичевецот А.Ш., кој стои зад псевдонимот Ел Чека и кој преку Фејсбук објавува „бомби“ за функционери на ДУИ се огласи денеска повторно на социјалнта мрежа.
Тој рече дека ќе се врати во земјава да му судат за „бомбите“, но само ако на обвинителната клупа седне и премиерот Зоран Заев со него.
Претходно и неговиот брат испрати писмо до медиумите во кое побара од министрот Оливер Спасовски да биде уапен Зоран Заев, бидејќи премиерот исто така објавувал нелегално прислуѓувани разговори.
„Поздрави до Премиерот на оние кои живеат таму и го доби нивниот глас, но не и мојот.
Што се однесува до тужбите што се подигнаа против мене поради објавувањето на некои од прислушуваните разговори за вашите колеги од владата, јас сум подготвен да се вратам во државата и да одговарам, но под еден услов: Ако и двајцата седнеме пред судот каде што и двајцата сме го сториле истото злосторство, вие пред неколку години. Ако скате да се играме тогаш да почнеме со игра, бидејќи мојот тренер има таква тактика со која не можеам да загубам! Бог да ја благослови Америка, напиша Ел Чеека пред половина час на Фејсбук.
Тој претходно ноќеска објви нови десет бомби, кои се однесуваат на раководството на ДУИ, а најави деќа ќе оди до крај оти има 6.000 бомби за објавување.
https://www.facebook.com/el.cheka.9/posts/104535054137613