Казнети 33 пешаци во Тетово казнети зошто поминувале улица надвор од пешачки

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера ( 30 мај ) од 11 до 16 часот спроведена е акциска контрола за прекршоци направени од страна на пешаци. Откриен бил 51 прекршок ( ТЕ-37 и ГВ-14 ).Триесет и три прекршоци се однесувале на преминување на улиците надвор од пешачки премин ( ТЕ-19 и ГВ-14 ), а 15 ( ТЕ ) непочитување на светлосни сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник. Во акциската контрола утврдени се и 18 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-16 и ГВ-2 ) кои, исто така, соодветно се санкционирани со законски предвидените поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави