И оваа година Друштвото на писатели на Македонија ја организира традиционалната меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“, посветена на славењето на поетското творештво на домашните и странските поети.
Годинашни добитници на престижното признание „Книжевeн жезол“ се Радован П. Цветковски и албанскиот поет Ариан Лека.
Врачувањето на жезолот е закажано за среда, 5 јуни во Друштвото на писателите на Македонија. На свеченоста за творештвото на Цветковски ќе говори Милица Димитријовска-Радевска, а за Лека реч ќе одржи академик Луан Старова. Манифестацијата продолжува во 12 часот на платото пред црквата Св. Спас (Пивница Стар град) со поетско читање на 30-ина поети.