„Твитер“ го суспендира акаунтот на холандскиот десничар Вилдерс

„Твитер“ привремено го суспендира акаунтот на лидерот на Партијата на слободата на Холандија (ПВВ), Геерт Вилдерс, поради твитот што тој го објави за политичката партија Демократи 66 (Д66), покажуваат скриншотовите објавени од други членови на ПВВ.

„Неверојатно, блокада од ‘Твитер’ за критикување на лидерот на Д66, Роб Јетен. Привремено со закана дека може да стане трајна”, рече Вилдерс, додавајќи: „Испраќачите на смртни закани за мене честопати се толерирани од ‘Твитер’, но мој твит со факти за колега не е. Лудило”.

Во контрадикторниот твит на Вилдерс било напишани: „Ајде секогаш да им се спротивставиме на глупаците од Д66 кои ги оставаат границите отворени и увезуваат сè повеќе и повеќе ислам., а потоа ронат крокодилски поради последиците како што се антисемитизмот, убиствата за одбрана на честа, обрежувањето на жените, тероризмот и омразата”.

Минатиот ноември Турската исламска културна федерација (ТИЦФ) испрати писмо до „Твитер“ барајќи трајна забрана за Вилдерс поради постојаното објавување на неговата твитер-сметка на пораки, слики и друга содржина со омраза

Во 2018 година Вилдерс во парламентот предложи забрана на јавните изрази на исламска вера. Планот беше одбиен.

Треба да знаете
Последни објави