Трамп на знаел за покривањето на името на разурнувачот наречен во чест на Мекејн

Висок официјален претставник од Администрацијата на САД издал наредба да се покрие името на американскиот разурнувач „Џон С. Мекејн” за време на завчерашната посета на претседателот Доналд Трамп на воената база „Јокусака” во Јапонија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Разурнувачот е именуван во чест на сенаторот од Аризона, Џон Мекејн, кој почина минатата година. Во базата, разурнувачот бил укотвен крај десантниот брод „Васп”.

Според „Волстрит Џурнал”, името на бродот било покриен со бело платно, а помеѓу разурнувачот и десантниот брод била ставен шлеп, со цел називот на пловилото во чест на Мекејн да не го иритира Трамп и да биде подалеку од неговиот поглед.

Трамп од своја страна изјави дека не бил запознат со тоа дека називот на бродот бил покриен со платно и го заштити функционерот кој ја дал таа наредба со зборовите: „тие знаат дека не сум почитувач на Џон Мекејн”.

– Тоа изгледа било сторено со добра намера, но воопшто не знаев за тоа. Мекејн беше мој голем критичар и затоа не го почитувам, изјави Трамп во Белата куќа, пред да замине на предизборен митинг во сојузната држава Колорадо.

Ќерката на починатиот сенатор од Аризона, Меган Мекејн изјави дека „претседателот се однесува како дете, кое секогаш ќе се плаши од величината на татко и”

Треба да знаете
Последни објави