Од денеска плаќење во готово само до 500 евра

Од денеска нема да бидат дозволени кеш плаќања во вредност над 500 евра.

Ова е обврска од законот за спречување перење пари и финансирање тероризам во кој лани со посебна уредба се ограничи висината на кеш плаќањата. Ова значи дека ако утре појдете во некоја продавница за бела техника на пример, и одберете производ кој чини 35.000 денари нема да може да го платите во готово туку само на картичка или на уплатница во банка.

Токму поради тоа досега реагираа и дел од сопствениците на вакви маркети, кои тврдеа дека е можно да им се намали прометот оти прагот е низок. Своја реакција имаа и стопанските комори, но законодавецот не попушти. Спуштањето на максималната сума дозволена за плаќање вокеш се пртавда со потребата да се заштитат трговците и државата од пуштање во промет на пари со сомнително потекло и да се намали сивата економија, а граѓаните во кеш да купат само нешто ситно.

Во јануари годинава сумата прво се спушти од 2.000 евра на 1.000 евра, а од утре тој праг ќе се намали на само 500 евра.

Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави