Министерот Шапуриќ ја посети фабриката „Лутекс” во Велес

Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ денеска ја посети фабриката за производство на индустриски и технички текстил „Лутекс” во Велес, извозно ориентирана германска инвестиција, со околу 50 вработени.

Шапуриќ разговараше со менаџментот на фабриката и беше во обиколка на производните погони. За време на разговорите, информираат од неговиот кабинет, беше запознат со нивното тековно работење, за нивните планови за воведување на нови технологии, развој во сопствениот капацитет, напорите за освојување на нови пазари и сл. Истакнаа дека не се соочуват со никаков друг проблем, освен недостаток на квалификувана работна рака, а го решаваат на начин што постојано испраќаат работници на обука во Германија.

Воедно беше истакнато задоволството од соработката која ја остварува Лутекс со Владата, односно од исполнувањето на обврските согласно договорот за државна помош, и севкупно.

Шапуриќ го поздрави нивното досегашно работење и планови за развој и изрази надеж за исполнување на договорените обврски, особено имајќи предвид дека не се соочуваат со проблеми при секојдневното работење и функционирање.

Треба да знаете
Последни објави