Традиционална извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019″

Првиот скопски извиднички одред и Институтот за комуникациски студии, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!” денеска во Градскиот парк ја организираат традиционалната извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019″ на тема „Еко херои”.

На акцијата, тимови од извидници од 7 до 13 години преку игра, забава и натпревар ќе испратат порака за потребата од селектирање и рециклирање на отпадот, со цел да се подигне еколошката свест.

Кон еколошката акција ќе се приклучат и ученици од основните училишта од Општина Центар.

Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!” ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави