Времен режим за сообраќај викендов на Партизанска, автобусите пренасочувани

На ден 01 и 02.06.2019 година (сабота и недела) на булеварот Партизански Одреди во раните утрински часови ќе се отпочне со изведување на градежно-монтажни работи за поставување на гасоводна цевка со попречен ископ кај крстосница помеѓу булеварот Партизански Одреди и улиците Манапо и Лондонска, информираат од МВР.

Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници во град Скопје, при што сообраќајот по булеварот Партизански Одреди во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува лево по улица Љубљанска кон булеварот Илинден и десно по улицата Московска кон улицата Митрополит Теодосиј Гологанов.

Сообраќајот што се движи од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува десно по улицата Бледски Договор кон булеварот Илинден и лево по улицата Париска кон улицата Прашка.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по посочените сообраќајници.

Јавното сообраќјно претпријатие Скопје соопшти дека времено по изменети траси од вообичаените ќе сообраќаат линиите: 2, 2А, 4, 12, 21, 22, 22А, 24. Во правец од Центар  кон Карпош ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди”, по улица „Бледски договор” (Болница 8 Септември), булевар „Илинден”, улица „Љубљанска” (Терминал Карпош 4), булевар „Партизански одреди” и секој по своја траса. Во обратен правец сообраќањето ќе биде по истата траса.

Линиите: 32, 56, 56А, 11, 11А, 60, 64А, пак, во правец кон Ѓорче Петров ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди” по булевар „8 Септември”, булевар „Илинден”, улица „Љубљанска” (Терминал Карпош 4), булевар „Партизански одреди” и секој по своја траса. Во обратен правец, исто така, по истата траса.

Линиите 4А и 28 во Тафталиџе ќе го користат терминалот од линија 24 како почетна односно крајна постојка.

Воедно,лЛиниите: 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец кон Карпош ќе бидат пренасочени од булевар „Партизански одреди”, по улица „Бледски договор” (Болница 8 Септември), булевар „Илинден”, улица „Никола Парапунов” (Стара телевизија), лево на булевар „Партизански одреди” и пред ТЦ Сити мол, лево на улица „Љубљанска”, при што Терминалот Карпош 4 ќе го користат како крајна и почетна станица. Во обратната насока ќе тргнуваат од Терминалот Карпош 4 и секој ќе се движи по својата вообичаена траса.

Треба да знаете
Последни објави