Момче загина, повредени двајца малолетници кога со автомобил се забиле во столб

Момче од Скопје загина, а други двајца малолетници се повредени кога автомобилот во кој се возеле удрил во бетонски столб.

-На 01.06.2019 во 01,47 часот од  Итна медицинска помош било пријавено дека на стариот пат од с. Стајковци кон Смилковци, се случила сообраќајна незгода во која А.Ј. (20) од с.Смилковци-Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди возачот починал на местото наннастанот додека  сопатниците во возилото  16-годишно и 17-годишно лице  се здобиле со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР-Скопје, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави