Кај Калишта откриени 200 килограми марихуана

Поицијата во Струшко открила околу 200 килограми марихуана, информираше МВР.

-На 01.06.2019 година околу 03 часот, во близина на регионалниот пат Подмоље-Радожда, пред селото Калишта, полициските службеници од СВР Охрид пронашле 12 вреќи во кои имало 196 пакувања со марихуана. По насоки, добиени од јавен обвинител, марихуаната е  предадена за вештачење и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

 

Треба да знаете
Последни објави