Момче од Скопје загина, а други двајца малолетници се повредени кога автомобилот во кој се возеле удрил во бетонски столб.
-На 01.06.2019 во 01,47 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека на стариот пат од с. Стајковци кон Смилковци, се случила сообраќајна незгода во која А.Ј. (20) од с.Смилковци-Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди возачот починал на местото наннастанот додека сопатниците во возилото 16-годишно и 17-годишно лице се здобиле со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР-Скопје, велат од МВР.