Се урна зграда, пет лица повредени во земјотресите во Албанија

Пет лица се повредени во серијата земјотреси коишто го погодија јужниот дел на Албанија, откако се урна една куќа, соопшти албанското Министерство за одбрана.

Едниот земјотрес бил со јачина од 5,3 степени, а за два часа се регистрирани шест потреси. Епицентарот на првиот земјотрес бил 15 километри југоисточно од градот Корча на длабочина од 14 километри. Потоа серија на потреси биле регистрирани на пограничните делови со Грција и со Северна Македонија.

Земјотресите беа почувствувани и во земјава.

Треба да знаете
Последни објави