Турско МНР: Набавката на системот С-400 оди според планот

Министерството за надворешни работи на Турција ги демантираше извештаите во кои се тврди дека Анкара разгледува одложување на набавката на рускиот противвоздушен ракетен систем С-400, пренесува агенцијата Анадолија.– Извештајот на одредени медиуми во последните денови, во кои се вели дека Турција разгледува одложување на набавката на С-400 на барање на Соединетите американски држави е неоснован. Нашиот процес за набавка на С-400 оди според планот”, рече Хами Аксој, портпарол на Министерството за надворешни работи на Турција.

Тој, исто така, нагласи дека понудата на Турција да се формира работна група со САД за да се разговара за набавката на С-400 и понатаму е во сила.

По пропаднатите преговори за купување на американскиот противвоздушниот систем „Патриот”, Турција во 2017 година одлучи да купи од Русија софистициран С-400.

Вашингтон и се закани на Анкара со воведување на санкции поради набавката на С-400, тврдејќи дека користењето на хардверот на овие системи на територија на членка на НАТО би и овозможило пристап на Русија со доверливи воени информации на Алијансата.

Треба да знаете
Последни објави