(Видео) Идентификувани двајцата загинати, третиот повреден работник извлечен од одронот

Двајца работници на возраст од 26 и 28 години загинаа утрово во несреќата во Чаир, потврдија од МВР. Неофицијално станува збор за браќа од село Патишка Река.

-На 01.06.2019 околу 11 часот пријавено е дека на улицата Кемал Сејфула, спроти Поликлиника “Чаир“, при вршење ископ на земјиште со багер за водоводна мрежа, дошло до лизгање на земјиште и притоа во каналот од лизгањето затрупани се три лица кои работеле на ископот. Две од затрупаните лица (26 и 28 години) починале на лице место, додека третото лице (54 години) со возило на Итна медицинска помош е пренесено во ГОБ “Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. На местото на настанот испратени се екипи од ИМП и екипа од БППЗ. Смртта на починатите ја констатирале лекари од ИМП. Известени ЈО и трудов инспектор, велат од МВР.

Според очевидци, се трага по уште еден затрупан градежник.

Треба да знаете
Последни објави