Конор Мекгрегор сака да му се врати на боксот, а на ваква желба го инспирираше синоќешниот спектакл во Медисон Сквер Гарден во кој предизвикувачот Анди Руиз го порази сега веќе поранешниот шампион Антони Џошуа.
Ирскиот ММА борач испрати честитки до новиот шампион, а изрази и пофални зборови за мексиканските борачи, со кои имал можност да се соочи во рингот.
– Од прва рака знам колку цврста брада имаат Мексиканците. Се креваат од подот како во трилер. Со нив никогаш не е готово додека не биде готово, изјави Мекгрегор.
Но, Ирецот не застана тука, тој рече дека по овој дуел посакал да се врати на рингот, дури и го предизвикал Флојд Мејветер на реванш, со кого се соочил на боксерски меч во 2017 година. Конор тогаш го изгуби мечот, но од тој меч заработи најмногу во неговата кариера.