Бразилскиот фудбалер на ПСЖ го чека обвинение во неговата родна земја, откако една жена во градот Санто Амаро пријавила дека на 15 мај во Париз била силувана од Нејмар.
Претставниците на Нејмар, на неговата официјална страница, целосно ги негираа сите обвинувања.
– Иако беше изненаден, фактите му биле познати на играчот, бидејќи пред неколку дена беше жртва на уцена од страна на адвокатот кој изјавил дека ги претставува интересите на наводната жртва. Сите докази за неговата невиност ќе и бидат доставени на полицијата, пишува на страницата.
Таткото на Нејмар, кој воедно е и негов менаџер, изјави дека што побргу треба да се открие вистината за да не му наштети на неговиот син, а ако треба ќе ги објават и разменетите пораки на Ватсап. Токму тоа подоцна и го стори најскапиот фудбалер на светот, кој за да се одбрани од обвинувањата за силување ги објави приватните пораки кои ги разменил со наводната жртва.
Меѓу пораките кои ги објави Нејмар има и фотографии во долна облека кои му биле испратени од жената која сега го обвинува за силување.