Џошуа не е повеќе светски шампион, Руиз четири пати го испрати на подот

Енди Руиз џуниор го приреди едно од најголемите изненадувања во историјата на професионалниот бокс откако во Њујорк го победи Ентони Џошуа. Британскиот шампион како бранител на појасите во ИБФ, ВБО и ВБА категориите важеше за апсолутен фаворит во оваа борба, но беше шокиран од Руиз, кој избоксува перфектно.

Руиз, Мексиканец од Јужна Калифорнија се најде во ситуација да боксува против Џошуа 40 дена пред натпреварот, откако договорениот предизвикувч на шампионот, Американецот Џарел Милер падна на допинг тест

Џошуа дури четири пати се наоѓаше на падот, три пати успеваше да стане, но судијата конечно реши да ја прекине борбата во седмата рунда, откако стана јасно дека актуелниот шампион не може да продолжи.

„Бев истепан од добар боксер. Ќе биде интересно до каде ќе стигне тој, сето ова е дел од спортот. Тој е шампионот од денеска, а јас ќе се вратам“ – истакна Џошуа.

https://youtu.be/ieSsGUdg07o

Треба да знаете
Последни објави