Бизнисменот Орце Камчев заедно со сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко доби златен медал по освоената титула на „вардарци“.
Камчев е многу близок пријател на Русинот, но дали овој медал значи некаква порака, ако се знае финансиската состојба на клубот набргу ќе покаже времето.
Камчев е еден од осомничените во случајот на СЈО, „Империја“ и помина одреден период во притвор, по што беше пуштен да се брани од слобода додека трае постапката.