Mладинските политики се движат во вистински правец, од страна на Европската комисија е поздравена мерката „Гаранцијата за млади“, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија утрово преку соопштение.
„Во однос на младинските политики, од страна на Европската комисија е поздравена мерката ‘Гаранцијата за млади’ за која се вели дека е многу важен и позитивен чекор за намалување на младинската невработеност во земјата. Токму преку оваа мерка, изминатата година се вработија 1.839 млади лица“, нагласува СДСМ.
Како што е наведено во Извештајот, додава владејачката партија, направен е добар прогрес и во заштита на човековите права и слободи каде комисијата констатирала зголемена заштита од говор на омраза и дискриминација.