Бизарна сообраќајка се случила попладнево во населбата Капиштец, кога се судриле мал багер на ЈП„Водовод“ и автобус бр. 57 на ЈСП, дознава 24 Инфо.
Незгодата се случила на улицата Васил Ѓоргов кај стариот ТЦ „Капиштец“.
Од МВР велат дека е причинета само материјална штета инема повредени.
Фото: Слободан Ѓуриќ