Крузерот ,,МСЦ опера” предизвика паника во Венеција, удирајќи во мал туристички брод кој бил закотвен на пристаништето во терминалот Сан Василиј. Четворица туристи се повредени на возраст од 67 и 72 години.
Една од нив е Американката Лин Балзер, која била пуштена од боница со модринки на телото.
,,Го видовме крузерот каде се приближува кон пристаништето. Одеше директно на нас. Мислевме дека ќе сврти, но тоа не се случи. Тогаш екипажот почна да вика да бегаме и да се симнеме од бродот. Слушнавме сирени. Сите вриштевме”, вели Лин.
Повредена е и една жена од Нов Зеланд, додека останатите две повредени жени се од Австралија. Една 67- годишна жена има сериозни повреди, додека другите две се полесно повредени.
Капетанијата објави дека причината за судирот меѓу двата брода е проблем со моторот и откажување на командата, додека реморкерите го влечеле низ каналот.
На аматерска видео снимка објавена на Твитер може да се види како туристите во паника бегаат по пристаништето, а некои во моментот на драматичниот удар паѓаат во морето. Во позадина се слушаат сирените на крузерот.v