Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров по вечерашното освојување на титулата во Лигата на шампионите изјави дека сега е временекој даизлезе во пресрет и даму помогне на клубот.
Вардарци имаа исклучително тешка сезона, откако ракометарите немаат земено плата со месеци, но и покрај тоа „црвено-црните” се искачија на европскиот ракометен трон.
Според него оваа титула е поголема од првата, која ја освоија во 2017 година, по се што поминал тимот.
– Одигравме одличен натпревар и заслужено дојдовме на врвот. Ако после оваа титула никој не ни помогне да ја средиме ситуацијата, тогаш сите да ги соблечеме патиките и да ги завршиме кариерите. Оваа титула е поголема од првата, зашто знаеме низ што сѐ минавме, вели Дибиров.