Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 1.06.2019 година (сабота) во периодот од 06.00 до 22.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи што управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на Град Скопје.
Утврдено е дека 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место, за што се соодветно санкционирани. Откриени се и 46 останати прекршоци, за кои се издадени 21 прекршочен платен налог и 25 мандатни платни налози.