Воениот контингент на САД во Полска ќе се зголеми за илјада луѓе, објави „Фајненшл Тајмс”.
Според досега објавените податоци, Вашингтон и Варшава се при крај со договорот за раширување на американското воено присуство во Полска. Се дознава и дека двете страни се договараат за создавање заеднички воен центар за вежби и тренинзи, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот полски колега Анджеј Дуда може да го потпишат билатералниот договор за продлабочена воена соработка на 12 јуни, за време на планираната официјална посета на претседателот на Полска на Вашингтон.