Сириските државни медиуми објавија дека Израел ја нападнал воздухопловната база „Т4“ во близина на северниот град Хомс по полноќ во неделата, при што загинал еден војник и двајца други биле ранети. Група за набљудување изјави дека загинале 5 лица, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Нападот се случил кога ИДФ изврши воздушни напади врз неколку воени цели во Сирија претходно во неделата изутрината, во кои, наводно, загинаа 10 лица, а беа одговор на две ракети истрелани од Сирија кон Голанската Висорамнина претходно.
Воени лица за САНА изјавија дека нападот бил насочен кон уништување објект за складирање оружје и неколку други згради во базата.
Израел ја нападна базата „Т4“ или „Тијас“ во повеќе наврати. Тие рекоа дека во нападите загинал еден сириски војник, а двајца биле повредени.
Британската сириска опсерваторија за човекови права информира за петмина загинати, вклучително и еден сириски војник. Во нападот било уништен и ракетно складиште.